Маџун, природен лек за сите генерации

Најголем дел од луѓето го користат називот гроздов сок. Сепак, постои разлика меѓу гроздов сок (шира) и гроздов концентрат кој кај народот е познат како маџун или гроздов мед. Маџун стар и по неколку децении чуваат Тиквешани во своите визби, наследство од нивните татковци, мајки, дедовци и баби. Во минатото нашите предци немале шеќер во изобилство како ние сега. Сиромашните страдале и за зрнце шеќер, па тоа малку што го имале, не знаеле за што попрво да го употребат. Го криеле од децата, заклучувајќи го во старите креденци.
Им давале само по малку да пробаат и тоа од празник на празник. Тиквешанки го откриле маџунот во желбата да го задоволат апетитот за благо при подготвувањето храна за празниците, кога не работеле на лозјата. Како прочуени лозари и винари дома имале само шира. На некоја жена и’ текнало како да го збогати тестото и да приготви нешто и со тоа да ги изненади домашните. Во едно шише зела шира, ја прочистила од нечистотиите со пепел, па ја ставила во замесеното тесто, кое подоцна го испекла. Си рекла да пробам што ќе биде, па ако биде, биде, ако не, никому ништо, ќе го фрлам. Кога нејзините го пробале виделе оти е вкусно, ама фалело уште шеќер. Затоа таа зела шира и ја варела се’ додека не добила гроздов мед. Така настанал маџунот, во потрага по нешто благо што би можело да го заблажи горчливиот живот.

madhun-mafin

Маџунот е природен производ добиен од гроздов сок (шира) на најквалитетните видови лоза. Изобилува со минерали, витамини, енергетски супстанции, танини, флавоноиди, органски киселини, гликоза и фруктоза од шеќерите што се застапени во ширата како неопходни елементи што ја овозможуваат неопходната енергија за работа на мускулите, а посебно на срцевиот мускул.

Се препорачува за: зајакнување на имунолошкиот систем кај децата, возрасни како и кај спортисти.
Маџунот е ефикасно природно средство кое помага при:
· инфекција на дишните органи
· нарушена функција на хепар, хепатит (жолтица, алкохолизам)
· психички нарушувања
· прекумерна тежина.
· настинки
· инфекции на респираторниот тракт

Маџунот е 100% природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси. Токму поради тоа тој претставува вистинска ризница на неопходни хранливи состојки кој ќе ви помогнат да го сочувате и подобрите здравјето.

madhun1
Постои бел и црн маџун. Најчесто се продава црниот маџун заради полифенолите кои ги содржат црните сорти на грозје, а кои ги нема во белиот гроздов концентрат. Црниот најчесто се прави од вранец бидејќи е најбогата сорта со боени материи, шеќери и полифеноли, а од друга страна е и најзастапена црна сорта во Тиквешијата.

Црниот маџун содржи:
· Антиоксиданси – Најпознат антиоксиданс е ресфератролот кој го смалува вишокот на холестерол, спречува артериосклероза, дава еластичност, го намалува ризикот од срцеви и мозочни удари. Докажано е дека е и анти-канцероген, анти-вирусен.
· Минерални материи
· Органски материи во природна форма како што се винска, млечна, јаболкова и лимонова киселина.

· Има таква структура на шеќери која е идентична како кај пчелиниот мед , односно 50% гликоза (гроздов шеќер) и 50% фруктоза (овошен шеќер). Поради тоа многу е погоден за закрепнување на имунолошкиот систем кај човекот, т.е. луѓе после операција , особено за прележани од хепатит.
· Не содржи масти
Употреба за зголемување на имунитет:
За доенчиња по 11 месечна возраст – ½ лажичка во оброк, максимум 3 пати неделно.
За деца над една година – 1 лажичка во оброк, чај или вода, секој ден.
За возрасни – 1 супена лажица, 1 до 2 пати дневно растворена во вода или чај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *