Интервју со Душко Стефанов: Ден по седум месеци

Тој за културата го „турка“ Сизифовиот камен. Ентузијазмот му е верна сенка, а Кавадарци вечна љубов. Радио емисијата „Досие“ е негов животен сопатник, а www.vinotika.mk нова страст. Го живее својот сон, пишува, гласно говори, верува во луѓето и го почитува својот народ. Тој е боемот, Душко Стефанов.

15034_4098025507301_2075344347_n
www.vinotika.mk: Каква публика ги слуша Вашите емисии и чита Вашите текстови?
Публиката која ја слуша радио емисијата „Досие“ претпоставувам дека е аполитична, затоа што црната хроника, лошите вести, се секогаш изоставени од дневниот репертоар. Често пати знам гласно да кажам дека сум лош уметник, но желба ми е црното да го претворам во розово. После долги години медиумски стаж, можам да кажам дека имам верна, сигурна и многубројна публика, а тоа е всушност моториката, движењето, енергијата на емисиите во живо. Да имаш привилегија да му го разубавиш некому денот во утринска емисија, или макар да му го пуштиш омилениот рефрен, и за возврат добиеш благодарам, тогаш мора да си сигурен дека си направил добра компензација. Да бидам искрен, јас за својата публика мислам дека е најубавата во Македонија. 2016та година многу текстови, мисли и мудрости споделив и на веб порталот www.vinotika.mk, каде добив сосема поинаква публика, пред се поради форматот, бидејќи www.vinotika.mk е моја стара дамнешна љубов и голема желба. Да раскажам: синоним или симбол на град Кавадарци е Тиквеш, а Тиквеш е синоним за Кавадарци. Нашата плодна тиквешија го раѓа најубавото грозје кое се претвора во вино. Оддтаму и името, вино-ти-ка. Сајтот е специјализиран за вести од областа на енологијата, вино културата, но и виното како начин на живот. Оваа публика е посебна, со поизострени сетила и вкусови, публика која не сака трачарење, туку добро вино и убава приказна, песна, поезија…

12295368_10203747999858806_5646304591949305360_n
www.vinotika.mk: Каков е Вашиот однос со бизнис секторот и со луѓето кои ги спонзорираат Вашите медиумски трудови?
24/7 во медиумската километража ако со бројки се служиме, имам „малигани“. Произведени 10.000 часови програма во живо, 4800 радио реклами, преку 2000 текстови, 30 телевизиски реклами, 2 авторски книги, соработка со преку 20 медиуми, десетина награди, доверба која се градела со години. Сакам луѓето од бизнис секторот кога ми веруваат, и ја добивам довербата да бидам дел од реализацијата на нивните маркетиншки стратегии. Затоа сум горд на успехот на луѓето кои со гордост го изговараат името на мојот град Кавадарци.

10451053_10202550950493320_6131504145475958814_n

www.vinotika.mk: Кој е рецептот да се опстои 25 години во медиумите?
Рецептот е едноставен. Да се биде чесен, постојан, константен и да не се завзема страна. Сечиј, а ничиј. Секому по малку. Никогаш до крај, ама најава за убав нов почеток.

12805760_10204177523876638_7277466021301647388_n

www.vinotika.mk: Што е всушност www.vinotika.mk?
Новата медиумска енергија доаѓа од љубовта и вербата во она што се создава. По седум месеци, сега знам дека секој од тимот на www.vinotika.mk игра на вистинската позиција. За да се создаде една убава приказна на специјализиран портал потребно е навистина многу, но ако во екипата имате уредник и верна сенка како Даниел Уневски, Вие имате многу. Ако Вие сте двоецот на www.vinotika.mk, тогаш немате проблем со млади фотографи, или искусни и докажани сомелиери, локални колеги, доајени на новинарството, витез на вицот кој единствено што знае е да го засмејува народот, и дизајнери од светски калибар, тогаш имате се. Живеам за денот кога www.vinotika.mk ќе ја препознае широкиот аудиториум, а винариите ќе подадат рака за успешна и долготрајна соработка. Секоја приказна во www.vinotika.mk е внимателно одбрана, и по специјална „рецептура“ понудена на сладокусците. Горд сум во овој момент што сите членови на нашата екипа цврсто веруваат во успехот на www.vinotika.mk.

14448956_10205407206817943_1303439623023370202_n
www.vinotika.mk: Што е ново во Вашето поетско-писателско творештво?
Веќе подолго време работам на мојот прв роман. Искрено се надевам дека ќе го доживее светлото на денот многу наскоро, ма како и да звучи тоа, ма колку и да му е потребно време. Во моментот имам нови поетски песни објавено во неколку македонски поетски алманаси, а најновата ќе се појави во алманах број 2 на друштвото на писатели „Тиквешки цветови“ од Кавадарци.

13418692_10204795250039406_1668344271886351472_n
www.vinotika.mk: Во Вашиот живот се е поврзано околу музиката, виното, убавиот збор… Која е дефиницијата да се стане боем?
Низ кавадаречката историја во поново време продефилирале не повеќе од десетина луѓе кои заслужено може да го носат епитетот боем. Таму каде што се произведува вино и ракија во огромни количини, има малку боеми. Но, да се има желба, да се биде боем, дефинитивно не е доволно. Да се биде боем треба да се биде одличен соговорник, темелен познавач на сите животни теми, вклучувајќи ја историјата на својот град, да се биде светски патник, а кругот на пријатели да е искрена тајфа која знае да слуша, раскажува, но и да му се радува на животот. Го сакам боемскиот живот, и го живеам, така и ќе продолжам да му се радувам на секој нов ден.

14222245_10205282978312308_1296162385455700050_n

Со вистината и верба кон Бога, тој знае дека доаѓаат убави денови за Македонија. Го познавам ова човечиште. Тој е Душко Стефанов…. Боемот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *