Љубителите на месо ќе уживаат во сочните парчиња вкусно говедско месо во црвено вино.
СОСТОЈКИ:
1 лажица маслиново масло
200 гр јунешки шницли
1 мала главица кромид
1 чешне лук
прстофат оригано
1 чаша црвено вино
200 гр сечкан домат
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте маслиново масло на тава. Пропржете ги шницлите околу 2 минути, додека не добијат убава боја од двете страни. Извадете ги шницлите од тава, а потоа во тавата ставете сечкан кромид, ситно сечкан лук и оригано. Пржете околу 5 минути.
Во пропржениот кромид додајте домат и вино и оставете да се крчка десетина минути. За тоа време исечкајте ги шницлите на коцки, па додајте ги во тавата и добро измешајте. Кога ќе ги ставите коцките месо, оставете да се крчка уште пет миути. По желба, послужете со тестенини или пржени компирчиња.
На здравје!