За разлика од мнозинството природни, вегани инструктори по јога, 98-годишната Тао Порчон-Линч од Њујорк носи големи обетки, има лакирани нокти, секогаш е во високи потпетици (освен кога вежба јога) и обожава да пие вино.
Всушност, Порчон-Линч консумира само два пијалоци: вино и чај. Љубовта кон виното се оправдува со фактот дека, со нејзиниот покоен сопруг, во 1967-та година го основале Американското друштво за вино. По смртта на нејзиниот маж, кој умрел при сообрајќа со мотор во 1982-та година, Порчон-Линч се предала на јогата. Таа сега држи часови пет пати неделни, патува околу светот и посетува различни работилници на егзотични места.
Порчон-Линч отсекогаш водела необичен живот. Родена е во Индија, а се преселила во Лондон во 1940-тата, танцувала низ Европа, за конечно да се пресели во Холивуд. Низ годините, се запознала со Махатма Ганди, Далај Лама, Мерилин Монро и други познати ѕвезди. Инструкторката првпат се запознала со јогата на осум годишна возраст во Индија, откако забележала момчиња во чудни пози на плажа.
„И реков на мојата мајка дали можам да им се приклучам, но таа не ми дозволи и рече дека не било за девојчиња. Тоа беше моментот кога одлучив да ја практикувам јогата“ – вели Порчон-Линч за „Њујорк тајмс“.