Портокаловото вино, кое е комбинација на црвено и бело вино, би можело да стане најпопуларен пијалок во 2017 година.
Познато и како “четвртото вино”, портокаловото вино го доби своето име според бојата и не содржи никакви агруми.
Додека за производството на белото вино се одвојува лушпата од сочниот дел, при правењето на портокаловото вино кожата останува, а овој процес се користи за производство на танин. Лушпата може да се чува во виното од една недела до година дена, за да се добијат различни вкусови и нијанси на бојата.
Адитивите, вклучувајќи го и квасецот, ретко се користат при постапката, а резултатот е вино со полн овошен вкус.
Портокаловото вино се најде на бројни влијателни вински листи ширум светот, а произведено е за прв пат пред неколку векови. Во последниве неколку години почна повторно да се прави во Италија и Словенија.
“Најдобрите портокалови вина имаат возбудлив мирис кој е комбинација на медено и меснато овошје со танин”, вели енологот Амелија Сингер.
Поради својата киселост, ова вино оди одлично со зачинетата индиска, персиска и мароканска кујна.