На изложбата на „Ликовна група 5“ промовирани новите вина од винаријата „Наумчеви“

Вљубениците во уметноста кои синоќа беа дел од отворањето на ликовната изложба „Ликовна група 5“, на петте големи ликовни уметници и пријатели Владимир Темков, Данчо Ордев, Илија Кочовски, Димитар Мичо Кочевски и Драган Најденовски, покрај можноста да ги погледнат делата од петте врвни автори, имаа уникатна можност и да ги пробаат вината од годинашната реколта од винаријата Наумчеви.

15403141_10211302573223142_513927288_n

Најавувајќи ја дегустацијата која беше составен дел од изложбата, господинот Ѓоко Наумчев кој важи за голем вљубеник во уметноста и колекционер на уметнички дела ги покани присутните да пробаат дел од вината од неговата винарија, особено од автохтоната „станушина“ која по својот квалитет е далеку пред врвните вина од најголемите вински земји.

15450909_10211302571103089_594914083_n
Со одбрани зборови, и избор на мисли од рубриката рекоа за виното, во промоцијата се вклучи и боемот и главен и одговорен уредник на www.vinotika.mk Душко Стефанов, а свој настап имаа и младите солисти и пијанисти, кои со своите изведби ги собраа аплаузите на бројните присутни.

15357044_10211302565022937_235687182_n

15403027_10211302563782906_445422936_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *