Кој пие најмногу вино во светот и каде е позиционирана Македонија?

Мапата на Movehub покажува кои се најголемите љубители на вино во светот и колку вино се троши во земјите опфатени од ова истражување. Македонија е позиционирана на 7 место во светот според конзумирањето вино, додека на првата позиција е Андора.

Според резултатите, Македонците просечно пијат по 53 шишиња вино годишно, а се трошат по 150 евра годишно за вино.

img-310874

Просечниот човек во Македонија пие по 40 литри вино годишно, а предност е и тоа што во нашата држава виното е квалитетно и евтино.

На врвот на листата е Андора каде се консумираат по 46 литра пиво годишно, потоа е Хрватска каде се пијат по 44,2 литри, додека третото место и припаѓа на Словенија каде што се пијат по 44 литри годишно.

Швајцарија е земјата во која најмногу се троши на вино, но причината за тоа е високата цена на виното, како и можноста на Швајцарците да плаќаат многу за овој пијалок.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *