Марко Стојаковиќ: Мојата приказна во „Тиквеш“ сеуште не е завршена

Главниот енолог на винаријата „Тиквеш“, Марко Стојаковиќ е еден од најзаслужните за успехот на винаријата во последната деценија. Марко Стојаковиќ е роден во Панчево, Република Србија во 1983 година, а тешката ситауција во земјата, го носи неговото семејство во Франција, каде започнува и неговата винска приказна.
Во своето интервју со специјализираниот сајт за вино, vino.rs, Стојаковиќ вели дека својот прв допир со виното го има по завршувањето на гимназијата. „Татко ми и јас размислувавме да отвориме продавница за вино и да продаваме вино, но брзо сватив дека за такво нешто ми е потребно некакво знаење. Барав да завршам некој курс за вино во близината на Париз, за што побрзо да ја отвориме продавницата за вино, па заминав во Шампањ, кој е најблискиот вински регион. Таму за година дена завршив еден тип на висока школа и запознав неколку интересни луѓе и професори, и благодарејќи на нив ја засакав винската приказна. Во Шампањ добив совет да го посетам Бордо и да ги запознаам црвените вина и така продолжи мојата“.
За првите контакти со винаријата „Тиквеш“ и неговите први импресии по стигнувањето во Македонија, Стојаковиќ вели: „Во 2009 година бев во Châteauneuf-du-Pape, на позиција одговорен, односно главен енолог, за некои 100 хектари винови насади, кога Филип Камбие доби понуда од „Тиквеш“. Тој немаше поим ни каде е Македонија, но знаеше дека јас сум од Србија и побара од мене да го упатам во целата винска приказна на Балканот. Му објаснив што се значи „Тиквеш“ како бренд, да е силна компанија со вина со среден квалитет и огромни количини, за подоцна да ме праша дали заедно би влегле во тој проект. Јас тогаш само што се оженив, жена ми беше бремена, но си реков себе си, сега или никогаш. И така, дојдов во Скопје во јануари 2010 година. Беше уште стариот аеродром, мал и неугледен, не го знаев јазикот… Едноставно, не ми беше сеедно после 17 години поминати во Франција. Искрено, мислев дека тоа ќе биде проект кој ќе трае година-две, едно добро искуство и ништо повеќе“.

1
По доаѓањето во Кавадарци, Стојаковиќ и Камбие, веднаш се зафатиле со работа. „Ги пробав сите вина и брзо проценив дека со опремата со која располага винаријата брзо ќе го подигниме квалитетот, само требаше да се уложи во доедукација на тимот. Нашиот прв проект беше „Бела вода“ 2010. Кога пристигнавме затекнавме ран откуп од тие лозови насади за кој проценивме дека е најдобар, иако лозјата не беа обработени најдобро. Затоа, првата права серија на Барово и Бела вода дојдоа од бербата 2010. Од тогаш имаме континуитет, освен 2014 година, која ја прескокнавме поради лошиот квалитет на грозјето.
„Бела вода“ 2010 на која угледниот Роберт Паркер и додели 94 поени беа потврда за високиот квалитет на работата на Камби и Стојаковиќ. „Беше тоа голем успех кој продолжи и следната година со виното Барово, и потоа повторно со Бела вода 2011“.

otvaranje-festivala-marko-stojakovic-enolog-igor-ilijevski-direktor-tikves-vinarije-svetozar-janevski-predsednik-upravnog-odbora-vinarije-tikves-660x445
И покрај тоа што е веќе 6 години во Кавадарци, Стојаковиќ мисли дека неговата приказна во Тиквеш сеуште не е завршена. „Работам со луѓе со кои добро се разбирам и во кои имам доверба. Ние сме како едно семејство. Имам уште предизвици и елан за работа и нови победи. Градам енолошки тим кој ќе биде најдобар на овие простори. Во тек е еден циклус каде истражуваме нови поднебја кои сакаме да им ги презентираме на потрошувачите.
Целото интервју можете да го прочитате на http://www.vino.rs/intervju/item/2097-marko-stojakovic-srpska-vina-nemaju-pecat-podneblja.html

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *