Стефанов и Панов посакаа безброј здравици за убави моменти со тиквешко вино

Една од традициите кои потсетуваат дека новата година ни е на прагот, секако се редовните интервјуа на Денот без политика на градскиот боем, Душко Стефанов со градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов.
Во пријатна и опуштена атмосфера, без ни капка политика, Стефанов и Панов разговараа за животни теми, за дочекот на новата година, нејзиното значење, но и за среќата, љубовта, радоста и секако нивните омилени книги и вина.
Отвореноста, но и можноста да се запознае и другата страна на првиот човек на градот и овој пат беше атрактивна, за што говорат и бројните коментари и пораки кои пристигнаа за време на 60 минутното радио интервју на Душко Стефанов, кој уште еднаш едноставно покажа дека градот не може без боемот, но и тој без него.
На крајот, и Панов и Стефанов не пропуштија да им ја честитаат Новата година на сите жители на општина Кавадарци, посакувајќи им безброј здравици за убави моменти со најдоброто, тиквешко вино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *