За празничниот викенд кој ни ги најавува Велигденските празници Ви го предлагаме виното Суво Горско Бело од винаријата „Гоце Делчев – Тиквеш“, кое според своите карактеристики и шрепораки за комбинација со храна е идеално и за време на најстрогиот пост.
Ова вино е всушност перфектна комбинација од сортите Жилавка и Смедеревка, од кои за да се добие совршениот вкус е изваден максимумот. Виното Суво Горско Бело се одликува со бледо зелена боја која ја отсликува нежната преработка, притоа нудејќи уживање во пријатните сортни ароми кои ги носи со себе.
Виното Суво Горско Бело е свежо на вкус и со пријатни киселини и идеално за пролетниот дел од годината. Суво Горско Бело во комбинација со Вашите омилени салати, ладни предјадења, риба, апетисани и лесни меса е секогаш одличен избор, па дури и за време на Велигденскиот пост.
Ова вино може да се најде во сите поголеми маркети, но и во винотеката на винаријата „Гоце Делчев – Тиквеш“ лоцирана на улицата Шишка број 2 во Кавадарци.