Вино и скара, перфектна првомајска комбинација

Со ќебапи, колбаси, крилца, плескавици, кременадли, вешалици и се она што е стандарден дел од првомајската скара, најчесто сите преферираат грч студено, ако нема и топло, пиво. Генерално, пивото служи да го измие непцето и да го припреми за налетот на вкусови и текстури на месото на скара зачинето со кромид и останати прилози.
Од друга страна, виното на целата задимена гастрономска рапсодија и дава сосема друга нота.
Прва важна работа е дека со скара повеќе одат помалку снажни вина, без нагласен танин. Идеален избор е розе, кој покрај „нежната“ сланина ќе донесе посебно ароматско доживување и со пилешко, но и свинско и телешко месо на скара. Кога сме кај розе, не заборавајте на „златниот“ адут на винаријата „Гоце Делчев – Тиквеш“, Вирго розе, кое ги собира највисоките признанија од сите натпревари.
Исто така, и белото вино ќе го омекне присутниот лој, а во шприцер комбинација е нешто што секој гурман би требало да го знае како вистинска првомајска опција. Суво Горско на „Гоце Делчев – Тиквеш“ кое за првомајските празници се продава по ексклузивна цена од само 90 денари е секако перфектниот избор и за двете ситуации. Ако пак вински „намештај“ Ви е под честта, лесно, разиграно и пенливо вино е идеално за чистење на непцата.
И ефтиното лесно црвено вино може да одигра позитивна улога, дури и ако во време на високи температи се излади и под пропишаните вински прописи, без разлика што стручњаците мислат за тоа.
Конечо, постои и некои непишани правила во изборот на вино кое ќе го консумирате со скара, особено кога во прашање е цената, која не смее да помине 500 денари за литар вино. Или нешто помалку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *