Јелена Гавриловиќ: Виното ме асоцира на море

Српската актерка Јелена Гавриловиќ едноставно знае да ужива во своите здрави навики, но и во виното и гурманството. Во едно од своите интервјуа, популарната актерка која ќе се проба и како водителка зборуваше токму за љубовта кон виното и храната.
„Виното ме асоцира на море, на дружење со музика. Во последно време повеќе сакам црвени вина, и мислам дека е и убаво и здраво секој ден да пиеме чаша црвено вино, вели Гавриловиќ.
Натаму, таа говори и за своето гурманство.
– Сакам различни кујни, иако пораснав со онаа традиционалната. Секако, сакам повремено да пробам и нешто од нашата домашна кујна, но сепак, француската ми е најблиска до мојот вкус. Не само поради самата храна, туку повеќе поради нивниот комплетен пристап и однос кон храната. Прочуениот француски ручек кој трае со часови, додава Гавриловиќ.

Како што минуваат годините, таа вели дека се повеќе се насочува кон здравите намирници и здравиот начин на подготвување храна…

– Медитеранската кујна секако спаѓа во умерена, здрава храна, со многу риба, а која инаку, многу ми годи, истакнува глумицата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *