И Путин влезе во винскиот бизнис

Рускиот претседател Владимир Путин го прошири списокот со недвижнини, откако стана сопственик на вилата Ла Загалета во Марбеља, Шпанија, која, според некои од медиумите, чини повеќе од 35 милиони евра.
Путин ја купил оваа вила за да се занимава со винарство, а дека е сериозен во својата намера говори и фактот дека го ангажирал и прославениот енолог Питер Сисек кој будно ќе го следи одгледувањето на грозјето, а потоа и процесот на производството на виното. Дваесет и пет најдобри сорти грозје од кои секако се добива најдоброто вино, ќе бидат посадени на со сонце облеаните, каскадни површини кои ја опкружуваат новата вила.
„Пингус“ сортата на лоза е опишана како култна, а може да се продава по многу високи цени, ако се произведе без ѓубриво и пестициди. Токму таа сорта ќе ја засади и претседателот Путин, а цената на едно шиште вино од ова грозје се движи и над 900 евра.

PutinLaZagaleta-709x380
Следејќи ја исклучително контролираната берба, верзијата на оваа вино на Путин ќе биде произведена во два огромни подземни подруми, сместени во неговата вила со десет спални соби.
Путин ја купил оваа вила пред две години, а се досега се занимавал со нејзиното редизајнирање. Вилата се наоѓа во ексклузивниот и ограден имот Ла Загалета, има приватен хелиодром и гаража во која можат да се сместат 22 автомобили. Неговиот шпански дом се наоѓа на мала оддалеченост од аеродромот Малага, а има површина поголема од 18.000 метри квадратни и се наоѓа на 400 метри над нивото на морето, и на помалку од 10 км од плажата.
Мега ќуката на Путин има формален пијано бар, како и библиотека декорирана со дрвени панели, кои се протегнуваат на две нивоа. На долното ниво се наоѓа базен 15х6 метри, со одвоено џакузи и спа-центар со фитнес опрема, домашна киносала, до самиот вински подрум кој поседува приватен бар за шампањско.

1250361_puti_ff
Како што светските медиуми тврдат, се очекува дека бројни пријатели и соработници на Путин ќе купуваат имоти во овој крај во Шпанија, а многумина од нив веќе сега поседуваат недвижности во овој дел на светот.
Инаку, овој дел на Ла Загалета е под константен полициски надзор, така што сопствениците на мега вилите можат безбедно да уживаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *