Задолжително читајте ги винските етикети

Винските етикети на шишето се визуелен маркетиншки трик, но и главен информатор за виното што се содржи во него. Главно се многу елегантни, артистички и складно дизајнирани, но содржината на текстот сепак треба да се знае да се протумачи.
Секоја етикета зависно од земјата од која доаѓа ги содржи сите информации за виното што се продава. Информациите на етикетата главно зависат од квалитетот на виното.
Колку е побогата содржината, толку е поквалитетно виното. Така сосема едноставните вина, имаат и едноставни етикети на кои стои: името на производителот, бојата на виното, годината на производство, процентот на алкохол, запремнината на шишето, земјата на производство и назнака за квалитетот на виното.
За секој повисок степен на квалитет одат повеќе информации кои првенствено се однесуваат на производителот, категоријата на вино, контролата, сорта на грозје, заштитно име на виното, заштитен знак на виното, винородно подрачје, степенот на алкохол, количината на непревриен шеќер, волумен, годината на берба и земјата на производителот.

_DSC0057
Доколку вината со географско потекло одлежале во дабови буриња имаат ознака Barrique, а ако подолго одлежале во цистерна имаат ознака Cuvee, на вината од органско производство стои ознака Есо.
Има вина од микрорегиони или од поедини острови, што на етикетата се означени како такви, додека вината од ограничени серии изнесуваат податоци за бројот на запечатени шишиња.
Доколку бербата е касна или од одбрано грозје стои и таков податок. Необавезни се информациите за серијата, бојата, начинот на производство, блендот од кои сорти е доколку виното е мешавина, награди и признанија. Сите тие мора да се наоѓаат на главната етикета, освен годината на производство, којашто може да се наоѓа на вратната, односно на горната етикета.

_DSC0021
Баналната класификација за вино на етикетата препознава три категории: мирно (конвенционално), пенливо (шампањско) и специјално или десертно (порто, шери, прошек). Според бојата се делат на: бело, црвено, розе и портокалово (килибарно) вино.
Според количината на непревријан шеќер ги делиме на: суви (слаб процент на шеќер до 4 гр/л), полусуви (до 12 гр/л), полуслатки (до 50гр/л) и слатки вина (над 50 гр/л).

_DSC0111
Секоја држава има сопствена законска регулатива, правилник, специфични ознаки и терминологија. Еве некои од нив:

Столно вино: Франција: Vin de table, Италија: Vino di tavola, Шпанија: Vino de mesa;

Столно вино со означено потекло: Франција: Vin de pays, Италија: IGT, Шпанија: Vino dela tierra;

Квалитетно вино со контролирано географско потекло: Франција: AC; Apppellation controlee; Италија: DOC;Denominazione di Origine Controllata, Шпанија: DO; Denominacion de Origen;

Врвно вино: Франција: VDQS, Италија:DOCG, Шпанија: DOCa, Португалија: IPR, Германија: QmP.
При купување на вино, сепак одлучува личниот афинитет. Вообичаено евтиното вино е со слаб квалитет. Скапото главно е поквалитетно вино, но не секогаш ја оправдува цената. Затоа добро читајте ги етикетите, пред да се одлучите кое вино ќе го купите, сепак буквите ги измислиле многу паметни луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *