„Тирио бистро бар“, лоциран на булевар „Илинден“ бр. 39, Ве поканува на едно поинакво, елегантно и пријатно винско доживување.
Оваа „Винска среда“, 14ти март, со почеток во 17 часот, ќе имате можност да дегустирате вкупно 4 различни сорти на бело и црвено вино од винариите Камник, Тиквеш, Стоби и италијанската винарија Фантинел, и тоа:
1. Fantinel Prosecco Extra Dry
2. Chateau Kamnik Pinot Grigio Single Vineyard 2017
3. Tikveš Plavec Special Selection 2016
4. Stobi Cabernet Sauvignon 2015
Цената на дегустацијата со вклучено мезе е 600 денари по лице, а поради големиот интерес, можете да резервирате на телефонскиот број 071 337 494.
Научете нешто повеќе за винската култура, уживајте во добрата капка вино и излезете од „Тирио“ побогати за едно сосема ново искуство.