Кожувчанка ДОО, како компнанија, во Република Македонија, важи за една од компаниите што секогаш ги следи светските трендови, се надградува и подобрува во поглед на квалитет и новитети.
Така, сега, Кожувчанка ДОО, во нова амбалажа од половина литар Ви ја претставува природно минералната вода Кожувчанка со арома на лимон. Кожувчанка, како бренд, покрај пакувањата од 1,5, 1 и 0,5 литри во ПЕТ амбалажа и 0,25 литри во стакло, на пазарот е присутна и со 1,5 литар со арома на лимон, а сега, како проширување на палетата се приклучува и новата амбалажа од 0,5 литар со арома на лимон.
Уживајте во добро познатата, квалитетна вода Кожувчанка која ја носи наградата “Best Buy-Macedonia”, како производ со најдобар сооднос на квалитет и цена во Р.Македонија, освежувајќи се за време секојдневните обврски со пакувањето од 0,5 литар со арома на лимон.