Франција од извозот на шампањ заработила 2,8 милијарди евра

САД, Велика Британија и Јапонија се трите најголеми пазари во индустријата за шампањ, од чија продажба во 2017 година е остварен приход од 4,9 милијарди евра.

„Ова оставрување е резултат на зголемениот извоз на 2,8 милијарди евра, што е за 6,6 отсто повеќе во однос на 2016 година“, објави француското здружение на производители на шампањ.

Виното „Шампањ“, заштитено и контролирано со етикета за потекло, го носи името на регион во североисточна Франција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *