Како да направиш милјари од вино произведено од ефтино грозје. Не треба да имате преголеми познавања во лозарството и винарството за да кажете дека тоа е апсолутно невозможна мисијата, освен ако Вашето име не е Џеј Зи или Диди.
Двајцата рапери успееа да ја искористат славата за да ги промовираат своите алкохолни пијалоци, кристално вино и водка произведени од ефтино грозје за дебело да ги наполнат своите банкарски конта.
Покрај името Шон, кое е вистинското име и рап музиката, она што дополнително ги поврзува двајцата рапери е винската сорта требиано, од кое Џеј Зи произведува кристално шампањско, а Диди водка.
Нивниот „успех“ не остана незабележан ниту од магазинот Бизнис инсајдер кој направи статија за двајцата рапери и ја постираше на својот јутуб канал.