Снегот ќе предизвика нови проблеми за лозарите

Снегот кој вчера не ја одбегна Тиквешијата ќе остави трага и врз годинешната реколта. Лозовите насади се најмногу на удар на пролетниот снег, информираат агрометеролозите, додека за другите овошки нема опасност од измрзнување.
Кајсијата, сливата, бадемот, праската и останатите сорти кои веќе се расцветани се имуни на моменталните температури кои се спуштија и до -2 степени. Ваквите временски услови не се закана за целосно уништување, иако е можно да дојде до намалување на родот.
Најниски температури ќе има во недела, кога се очекува и мраз. Затоа агрометеролозите препорачуваат земјоделците навреме да превземат соодветни агротехнички мерки.
Минатата година беше најтешка за лозарите. Екстремно ниските темперстури кои лани во април ја зафатија земјава речиси целосно ги уништија лозовите насади на над 18 илјади семејства кои се занимаваат со оваа дејност, кои сеуште не се обештетени. А измрзнаа и јаболката и оревот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *