Стигна апаратот Плум, кој изгледа како апарат за еспресо, но наместо кафе од него протекува вино. Оваа машина дозволува да уживате во чаша вино, чувајќи го остатокот на скапоцената течност и до 90 наредни денови.
Plum е создаден од иноваторот Дејвид Корец. Во апаратот има простор за две шишиња од 750ml и целиот процес почнува со поставување на неотворено шише вино во една од коморите од нерѓосувачки челик. Најдобриот дел е што има два оддела кои се независни еден од друг и можат да се користат за две различни вина – бело и црвено.
Вградената камера ја скенира етикетата на шишето за да добие информации за сортата, бербата, региононот, винаријата и виното. Користејќи ги собраните информации Плум ја одлучува идеалната температура на ладење на виното, или можете сами да одлучите дали температурата одговара на вашиот вкус. Креиран од нерѓосувачки челик Плум содржи единствена технологија која може автоматски да идентификува до 220 видови вино со која може да се утврдат најдобрите услови за складирање. Има и автоматската игла со двојно дупчење која е толку остра, што едноставно пробива низ тапата. Таа во исто време постигнува уште две задачи – испуштање на виното и гас за инјектирање на аргон за да се спречи оксидација.
Со купувањето на Плум доаѓа и склад за со гас аргон за повеќе од 200 шишиња. Исто така доаѓа и со виртуеална соба за дегустација, која дава информации за виното пред купувањето. Благодарејќи на интегрираниот екран на допир и аудио интерфеј,с Plum ја пресметува цената на пијалокот по чаша и доколку се користи во домашна варијанта ги предупредува сопствениците кога апаратот треба да се доплни.
Плум е естетски пријатен, тежи 45 килограми, може да се поврзува и преку WiFi, Ethernet или Bluetooth.