Винска афера ја тресe Бугарија

Винска афера ја тресе Бугарија откако камион со бугарски регистарски таблички е задржан од карабинерите во италијанскиот град Бриндизи, под сомнение дека е натоварен со фалсификат италијанско вино. Според информациите, камионот пристигнал со фериброд од Грција.
При проверката за заштита на производството во Италија, во камионот биле пронајдени 14000 шишиња вино „Просеко“ со етикети на англиски јазик на кои пишувало „Product of Italy” и „Wine of Italy”, а истите биле наменети за францускиот пазар.
По контактот со фирмата производител, чие име сеуште се држи во тајност, на италијанските власти им било одговорено дека се работи за вино произведено во Бугарија, а не во Италија, односно дека се работи за типичен фалсификат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *