За сума од 805.084 денари или приближно 13 илјади евра, без вклучен ДДВ, Министерството за одбрана ќе купува вино и пиво, овбјавено е на Електронскиот систем за јавни набавки. Во техничките спецификации на огласот пишува дека се бара црвено вино од винската сорта на грозје вранец и светло пиво во лименка со различен процент алкохол. Купувањето е со одложено плаќање, а критериум за доделување на набавката е најниската цена.
Министерството за одбрана ќе потроши и 1.518.037 денари или приближно 25 илјади евра без ДДВ за печатење на списанието „Штит“ кое се издава еднаш месечно за период од 1 година. Списанието се печати и на албански и англиски јазик, а предвидени се и додатоци на новогодишни календари. Во оваа сума влегува и 3 броја годишно за списанието „Современа македонска борба“.