На француски универзитет “пиењето алкохол” стана вештина која обезбедува сериозни квалификации, ако платите 5.000 евра.
На Универзитетот во Стразбур, за прв пат е воведена можност да се добие диплома за вински студии.
Според информациите од АП, едногодишниот курс вклучува учење за дегустација на вино, проучување на науката за земјоделство и неуронауката, што стои зад доброто вино.
Студентите ќе мора да платат 4.950 евра, што според Ројтерс е висока цена во споредба со многу основни курсеви што се бесплатни на француските универзитети. Но, оваа цена е пониска од цената на индивидуалните часови за дегустација на вино со кои не може да се стекнат универзитетските квалификации.