Во рамки на посетата на Кавадарци, која беше дел од Синалко турнеата во која ги обиколи сите градови од централна и југоисточна Европа во кои се лоцирани партнерите на германскиот бренд за пијалоци, германскиот екстремен велосипедист Пјер Бишоф возеше велосипед и со првиот човек на општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Бишоф и Јанчев во друштво на повеќе од 500 деца од Кавадарци беа дел од велосипедската парада која во организација на Сојузот за училишен спорт на општина Кавадарци се возеше низ градските улици.
По завршувањето на парадата, Јанчев и Бишоф беа дел од пригодната програма организирана на градскиот плоштад, а потоа следуваше и официјален прием на кој градоначалникот Јанчев во својот кабинет го прими германскиот екстремен велосипедист.
По приемот, Бишоф со својот тим продолжи кон Солун каде што и официјално ќе ја комплетира Синалко турнеата долга 2600 километри.