Винарската визба „Тиквеш“ ќе стипендира ученици кои од средното општинско земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци кои ќе се истакнат во целокупниот наставен процес, а кои имаат посебен афинитет кон лозарството и винарството.
Ова е само една од најважните точки кои се дел од меморандумот, кој деновиве го потпишаа СОЗШУ „Ѓорче Петров“ и винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци, со кој е утврдена и долгорочна научна, техничка, образовна и апликативна соработка. Двете страни ќе работат на заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер. Соработката исто така ќе биде и во едукативни процеси преку ангажирање на стручни лица од практиката за реализација на учење преку работа.
Ова е втора официјализирана соработка откако пред неколку денови меморандум за соработка и стипендирање на истакнати ученици од шумарската струка беше потпишан и со ЈП Македонски шуми.