Крајот на годината вообичаено е резервиран за изборот на најдобрите, а ништо поразлично не е и во светот на виното. Најчитаниот регионален вински магазин Вино.рс ги прогласи најдобрите вина и винарии во Србија за 2018 година.
Честа да ја носи титулата најдобро црвено вино за 2018 година ја има купажата мерло и каберне Регент Ресерве 2013 на винаријата Александровиќ од Топола, додека за најдобро бело вино е прогласено Шардоне Ц 2015 на винаријата Ковачевиќ од Фрушка Гора.
За најдобро розе вино втора година по ред е избрано виното Роза Ностра 2017 на винаријата Ердевик, за најдобро пенливо вино признанието сосема заслужено заврши кај Триум Ноар 2010 на винаријата Александрович, додека во категоријата слатки и полуслатки вина доминираше црвениот траминец Макана 2015 на младата винарија Бикцики од Баноштор.
Оваа винарија доби признание и за својата Црна темјаника 2015 кое беше прогласено за најдобро органско и природно вино, додека наградата Best Buy која се доделува на вино со најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот заврши кај винаријата Тонковиќ за нивната Фантазија од берба 2013 од сортата кадарка.
Од автхотоните српски сорти вина за најдобри беа прогласени Прокупец боје Лила 2011 на винаријата Будимир за црвено, и Три Мораве Бело 2017 на винаријата Темет за бело вино, која е всушност купажа од темјаника, смедеревка и морава.
Очекувано, за најдобра винарија беше прогласена винаријата Александровиќ, најдобра млада винарија е Виртус, најдобра мала винарија Бикицки, а винаријата Ковачевиќ го доби насловот за винарија со најбрз раст. Нејзиниот сопственик, Мирослав Ковачевиќ го доби признанието за Винска личност на Србија за 2018 година.
Покрај овие признанија, вино.рс додели и награди за најдобра винска етикета, најефективен маркетинг, најдобра винско туристичка понуда и најдобра винска манифестација.