Безалкохолното вино е идниот светски тренд

Иако процентот на конзумирањето на безалкохолно вино и пиво сеуште е минорен, германските научници тврдат дека во следните години работите рапидно ќе се променат.
Според статистиката, шест од илјада порачани вина се безалкохолни, додека безалкохолното пиво има далеку подобар процент, па секое осмо од сто пива не содржи ниту еден процент на алкохол.
Агенцијата Карта во партнерство со Универзитетот за применети науки Хеилброн и Хеилброн Институтот за проучување на пазарот, направиле истражување на темата претпочитани пијалоци за пиење во кое опфатиле 1001 лице, а резултатите покажуваат доста интересна тенденција.
Дури три четвртини од испитаниците рекле дека слушнале за безалкохолно вино, а од нив 30% веќе и го пробале. Од оние што имале можност да пробаат безалкохолно вино дури 51 осто го оцениле како добро или многу добро, 33% го опишале како средно, додека 14% од испитаниците не би го менувале алкохолното со безалкохолно вино.
Повеќе од половина учесници во анкетата кои немале можност да пробаат безалкохолно вино се изјасниле дека би го пробале во иднина.
Како најголема причина зошто би го одбрале безалкохолното вино, испитаниците одговориле дека сакаат да уживаат во вкусот на виното, а во исто време да можат да ги возат своите возила, иако не е мал ниту процентот кои би го одбрале ова вино поради здравствени причини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *