Локалната храна комбинирајте ја со локални вина

Трендот за консумирање на локејвр производи, односно оние кои потекнуваат од географската одредница од која потекнувате, во времето на глобализацијата од ден на ден станува се поизразен. Истиот го прифаќаат и винарите и сомелиерите кои се почесто препорачуваат со локалната храна да пиете локално вино.
Од она што нам балканците ни е најомилено, месото подготвено на скара како плескавиците, ќебапите и сличните јадења од мелено месо се препорачуваат со црвено вино, но треба да се избегнуваат елегантни и нежни вина, бидејќи нема да се почувствуваат.
Ако сте фан на добра сарма, тогаш наздравете со бело вино, советуваат сомелиерите, иако и тие потенцираат дека препораките не се правила, па сосема е нормално доколку некому можеби не му одговараат.

2D274906094873-today-wine-140612-04_converted
Со свинското месо одговара многу широк спектар на бели и црвени вина, помеѓу средни и интензивни. Изборот ќе зависи од начинот на приготвувањето на тие видови месо, додека пак јагнешкото месо е препорачливо со суви до благо полусуви вина со складно избалансирани киселини и благ остаток на шеќерот. За разлика од нив, со телешкото совршено се спарингуваат добро одлежани бели вина.
Печеното месо, пилешкото и рибата пак најдобро се комбинираат со бели вина.
Се разбира Вашето омилено вино во комбинација со храна можете да го одберете од широката палета на врвни вина на винарската визба Милев „ГД – ТИКВЕШ“ кои се достапни во сите поголеми ресторани, кафетерии и супер маркети.

_DSC0025

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *