УТМС го одбележа Денот на италијанското вино Москато

Во рамките на промотивната кампања за упис на студенти во академската ‎2019-2020 година, во четвртокот, 9 мај, тим од Универзитетот за туризам и менаџмент реализираше промотивни активности со кои го одбележа денот на италијанското вино Москато.
На штандовите поставени во трговскиот центар Лептокарија и во центар кај спомен куќата на Мајка Тереза студентите од Универзитетот организираа дегустација на виното Москато и делеа промотивни флаери.
Истовремено, на сите оние кои го дегустираа италијанското вино им беа соделени информации за можностите за студирање на УТМС.

utim

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *