Бордо и Лондон ќе бидат во центарот на вниманието на стотина илјади вљубеници во виното кои ќе присуствуваат на двата најзначајни вински настани кои ќе се оддржат овој мај. Се разбира, зборуваме за Вино Експо Бордо (Vinexpo Bordeaux) и лондонскиот вински саем (London Wine Fair), кои, барем според информациите кои ги најдовме на нивните официјални сајтови, ќе поминат без присуство на ниту една македонска винарија.
Vinexpo Bordeaux започнува веќе во понеделник, 13ти мај и се до четврток, 16ти јуни на повеќе од 40.000 посетители во француската винска метропола ќе им ги понуди вината од последната година на 2000 винарии од речиси сите страни на светот. Покрај дегустациите, присутните ќе имаат можност да присуствуваат на бројните конференции и мастеркласови на различни теми, се разбира тесно поврзани со виното.
Четири дена по завршувањето на Вино Експо Бордо, односно на 20ти мај, во Лондон свечено ќе биде означен стартот на 39то издание на лондонскиот вински саем кој годинава ќе трае до 22 мај. Англиската и светска винска публика која ќе биде дел од овој настан ќе има можност да дегустира повеќе од 14000 вина од 32 земји, но и да научи многу повеќе за виното на бројните настани, предавања, обуки, мастеркласови, брифинзи кои се дел од официјалната програма на саемот.
Автор: Душко Стефанов