Иако не се во кругот на најголемите вински играчи во светот, Британците и тоа како знаат да уживаат во виното. Токму нивната страст кон добрата голтка вино е причината 25ти мај да биде прогласен за национален ден на виното, кој е сепак различен од концептуално истиот национален ден за пиење вино кој се одбележува секоја година во февруари.
Како британците го празнуваат националниот ден на виното. Се разбира, со одбрано друштво на пријатели или роднини, вкусна храна и се разбира, шише врвно вино. За оние кои пак се зависни од социјалните мрежи, сликите од своите прослави на националниот ден на виното може да ги постираат со хаштагот #NationalWineDay. Приклучете им се.
Автор: Душко Стефанов