Какви се девојките кои преферираат розе вино?

Велат дека виното открива многу работи за нас. Иако тоа не секогаш мора да значи дека е така, психолозите се позанимавале да откријат кои се седумте нешта кои треба да ги знаете за девојките кои преферираат розе вино.
1. Таа не е едноставна
Уживањето во овој пијалак не ве прави едноставни. Да, постои нешто чудно во розовите пијалаци, но оваа девојка сака да ви каже дека таа секогаш одбира вкусови пред трендови. Иако ужива и во црвеното вино, исто како и вас, сепак го преферира розе виното бидејќи има посладок вкус, исто како неа.

2. Сака добар разговор
Можеби без размислување ќе претпоставите дека оние што обожаваат црвено вино се најдобри за разговори. Нивните софистицирани непца нè тераат да помислиме дека ги имаат најзабавните приказни од учењето во друга држава или од авантурите ширум светот. Но, девојката што пие розе вино е всушност најдобрата за друштво. Таа знае во секој момент да започне забавен разговор, со кој било во друштвото, и никогаш не е нервозна кога им пристапува на непознати луѓе.

3. Лидер
Оваа девојка е лидер, не следбеник! Таа е трендсетерка, секогаш подготвена прва да оди по патот што сите го заобиколуваат. Таа е страсна и силна, па затоа и лидерството природно ѝ доаѓа. Не постои ништо што може да ѝ застане на патот до нејзините соништа, и таа едноставно не може ни да замисли да живее здодевен живот. Светот треба да се пази од девојката со розовиот пијалак!

article-1384360-0BEB6E9900000578-303_634x446

4. Флексибилна
Оваа девојка е флексибилна кога станува збор за трошење на нејзините време и енергија, па затоа и ништо не може да ја изнервира. Кога сите се обидуваат да одлучат кој е следниот чекор, таа едноставно ќе каже: „Мене сè ми одговара“. Вистината е дека во која ситуација и да се најде, таа ќе пронајде начин како да ја направи незаборавна.

5. Малку интровертна
Иако оваа девојка обожава разговори и да биде во центарот на вниманието, таа исто така знае да биде и интровертна. Понекогаш сè што ѝ е потребно е да се затвори во својата соба и да слуша музика или да создаде нешто прекрасно со цел да си ги наполни батериите. И покрај тоа што постојано е изложена на страст и љубов од луѓето околу неа, таа исто така сака да минува време и сама со своите мисли.

Women-Now-Drink-As-Much-As-Men-Study-Says-3

6. Богат карактер
Девојката што преферира помалку популарен пијалак како розе виното има богат карактер. Таа има и чудни карактеристики, и иако е свесна за нив, сепак ги обожава. Токму тие ја прават поразлична од останатите. Не постои девојка на којашто ѝ е поудобно во својата кожа, додека истовремено и сите ја прифаќаат токму онаква каква што е. Од друга страна пак, има одлична смисла за хумор па поради тоа ја сметаат за сонце каде и е.

7. Оптимист
Живеењето во розов свет може да биде нешто навистина прекрасно. Да, возрасниот свет е тежок и понекогаш е тешко да ја најдете светлата страна на нештата што во моментот ви се случуваат, но девојката што пие розе вино знае дека тревата е најзелена онаму каде што стои. Таа цврсто верува дека сè се случува со причина, па затоа е и горда на секоја своја одлука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *