Среќен народ, фантастична музика и здравици со врвни вина е филозофијата на Стоби наречена „Стобилософи“ која од синоќа има нови следбеници. Ова е накратко заклучокот од жешкото неделно попладне под големиот шатор во винаријата „Стоби“ во кое не воведоа „План Г“, а низ временската дистнаца од повеќе од 30 години не прошетаа фантастичните „Црвена Јабука“ кои звучеа како на плоча.
Свирејќи ги своите најголеми хитови, „Некако с пролеча“, „Таму где љубав почиње“, „Бежи кишо с прозора“, „Џез Ба“, „То ми ради“, „Волио би да си ту“, „Има нешто од срца до срца“, „Дирлија“… сараевчаните предводени од харизматичниот Жера успеаа да ги распеат буквално сите присутни.
Трите биса на самиот крај од вечерта беа само потврда за тоа колку добри беа „Црвена Јабука“, но и колку им недостасувале на македонската публика која ја имаше од речиси од секој нејзин дел.
Пристапните цени на билети и консумации беа само дополнителен плус во целата приказна за чија успешна реализација големи пофалби за фантастичниот заслужуваат целиот организациски и менаџерски тим на винаријата кој внимавал на секој детал.
Автор: Душко Стефанов – Боемот