Еден од најлошите кошмари на секоја жена е целулитот, особено во текот на летото кога сакаме да носиме шорцеви и здолништа, но се чувствуваме непријатно поради таа ужасна кора од портокал.
Дали сте знаеле дека за овој проблем може да ви помогне обичното црвено вино и малку фолија? Направете 10 третмани на бутовите и задникот и ќе изгледате како супермодел!
Прв третман
Состојки:
200 г бела глина
100 мл црвено вино
100 мл маслиново масло
Приготвување:
Измешајте ги состојките во тенџере и загрејте ги на ниска температура за да не претерате.
Втор третман
Состојки:
100 милилитри маслиново масло
100 милилитри црвено вино
300 грама мед
Приготвување: Измешајте ги сите состојки за да се соединат убаво.
Трет третман
Состојки:
50 милилитри црвено вино
10 капки есенцијално масло од портокал
300 грама глина
100 грама мелен ѓумбир
Приготвување: Измешајте ги сите состојки и загрејте ги на ниска температура.
Примената за сите три третмани е иста. Исчистете ја кожата со пилинг, па нанесете ја смесата и истријте ги проблематичните места. Замотајте ги намачканите места во проѕирна фолија, покријте се и лежете така 40 минути. Потоа, истуширајте се со оладена вода и нанесете антицелулитен крем.
Одберете го третманот што најмногу ви одговара или комбинирајте ги, но важно е да направите вкупно 10 по ред.
Напомена: Ако ви стане премногу топло, откријте се и завршете го третманот 20 минути порано.
Контраиндикации: Овој третман не би требало да го користат трудниците, како ни жените што страдаат од алергии на наведените состојки или имаат некое кожно заболување.