Македонија е 28ма во светот по извоз на вино. Французите убедливи на врвот

Македонија е дваесет и осма земја во светот по извоз на вино. Според податоците од минатата година, извозот на вино од земјата достигна 60,2 милиони долари, или 0,2% од вкупниот извоз на вино во светот.
Очекувано, лидер е Франција со извоз од неверојатни 11 милијарди долари или 29,5% учество во вкупниот извоз во светски рамки. Веднаш по француските вина, најизвезувани се италијанските и шпанските вина, со 7,3, односно 3,5 милјарди долари. Ако првите три места им се загарантирани на Франција, Италија и Шпанија, последните две места од топ петте земји се резервирани за Австралија и Чиле, земјите од новиот вински свет, кои продале вино во вкупна вредност од 2,2 односно 2 милјарди долари.

puklavec

Од балканските земји пред нас е само Грција која забележала извоз на вино од 97,5 милиони долари, а зад нас се Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора кои се во првите педесет земји. Турција е 51ва по извоз на вино, додека Албанија е на 72-ро место со извоз од 1,1 милион долари).
Од вкупно 149 земји во светот, на дното од листата се најдоа Авганистан, Ангола и Лаос со извоз од само 1.000 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *