Турската кујна има долга историја и во голема мера претставува наследство од отоманската кујна, која што може да биде опишана како соединување и прочистување на централно-азиските, блискоисточните, средоземноморските и балканските кујни. Турската кујна имала влијание на овие кујни, но и на другите соседни, вклучувајќи ги и оние од западна Европа. Турците негувале различни и создале специјалтети, кои денес се познати во различни делови од светот.
Токму миксот на различните кујни ја прави турската кујна доста комплексна. Освен главните специјалитет, кои може да се најдат низ цела Турција, постојат и бројни регионални специјалитети. Кујната на регионот покрај Црното Море се одликува со готвење со употреба на пченка и сардели. Во југоисточниот дел од земјата, вклучувајќи ги градовите Урфа, Газијантеп и Адана, карактеристични специјалитети се ќебапите, мезињата и десерти зготвени со тесто, како што се баклавата, кадаифот и кунефето. Во западните делови на Турција, каде што обилно растат маслинови дрвја, маслиновото масло е главен вид на масло, кој се употребува при готвењето. Кујните пак на егејските, мраморните и средоземните покрачја покажуваат основни карактеристики на медитеранската кујна, поради тоа што специјалитетите од овие региони се богати со зеленчук и риба. Во средишниот дел на земјата, особено во Анадолија, познати се специјалитети подготвени од тестенини, како што се кешкеќот, мантите и ѓомлезето.
Различните видови храна кои се специфични за секој регион се едно од најголемите богатства на Турција, но и предизвик за спарингување со вина кои што би го надополните впечатокот. За разлика од надалеку прочуената турска кујна, турските вина се апсолутна непозната, па и за оние кои малку подобро го знаат винскиот свет. Сепак, иако Турција не е ниту во првите 50 земји во производство на вино, пред се поради неповолните климатски услови, сепак има свои, локални вина на кои може да биде горда и кои совршено кореспондираат со локалната храна.
Во Турција растат разни видови на грозје. Како и за храната, во секој регион од Турција се одгледуваат различни сорти на грозје, па така за производство на црвено вино во мармарскиот регион се одгледуваат сортите Адакараси, Папазкараси, Семилион, Кунтра, Гамај, Кинсаулт, во егејскиот регион Каригнане, Чалкараси, Мерлот, Каберне Совињон, Аликанте Бошет, во регионот на Црното Море и источните делови на земјата, Окусѓозу, Боаскере, во централната Анадолија, Калеџик Караси, Папазкараси, Димрит, во медитеранскиот регион, Серги Караси, Димрит. Ништо не е поразлично кога во прашање се и белите вина, па така во мармарскиот регион се одгледуваат шардоне, ризлинг, семилион, бејлерџе, јапинџак, во Агискиот регион мускат и семилион, во регионот на Црното Море, Наринџе, во централна Анадолија, Емир, Хасандеде.
Денес, Турција е горда на разните видови на локални вина произведени до турските брендови како што се Каваклидере, Долуџа, Корвус, Кајра, Памукале и Дирен кои што стануваат се популарни и надвор од Турција.
Автор: Душко Стефанов