Како правилно да ги декантирате Вашите омилени вина?

Декантирањето е процес на преточување на виното од оригиналното шише во друг сад наречен декантер. Најчесто се декантираат вина кои се постари и кај кои со текот на времето се створил талог на дното од шишето, така што со овој процес се одвојува виното од талогот. Декантирањето е корисно и за вино кое нема талог, односно кај помладите вина со декантирањето виното доаѓа во допир со воздух (аерација) со што побрзо се развива букето и се рафинира вкусот на виното.
Декантирањето на помладо вино е многу лесно. Сè што треба да се направи е да се претури виното во декантерот и да се остави петнаесетина минути во овој сад пред да биде послужено.

Decanter_and_wine
Декантирањето на постари вина е потешко затоа што треба внимателно да се одвои талогот од течноста. При декантирање на постаро вино, најпрво шишето треба да стои во исправена положба или, пак, во кошничка за декантирање под агол од 45°, барем 12 часа, за да се спушти талогот на дното од шишето. Откако ќе биде отворено, грлото на шишето се поставува во правец на декантерот и под него се поставува извор на светлина (на пр. запалена свеќа) за полесно да биде забележан талогот.
Потоа виното полека и рамномерно се преточува во декантерот, сè додека талогот од виното не допре до грлото на шишето. Црвените вина се оставаат половина час во декантерот пред да бидат послужени, а белите дваесет минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *