Од кои сорти се прават најпознатите вина во светот?

Осознавањето, а потоа и препознавањето на карактеристиките и аромите на виното се еден чекор до потполно уживање во неговиот богат вкус, а тоа сега може да го направите на Wine Educator, основана од ВВ „Тиквеш“, која обезбедува широк спектар на обуки за вино и алкохолни пијалаци.

Дали сте се запрашале што го прави вашето омилено вино толку посебно? Преферирате вина со ароми на шумско овошје, цвет од багрем или ноти на ванила? Овошните и цветни ароми со кои се одликува, бистрината и бојата како дел од визуелната оценка – сите овие специфики зависат од винската сорта, која го прави вашиот омилен пијалак уникатен.

Сортата на грозје или мешавината од сорти на грозје од кои се произведува виното се клучен фактор кој влијае врз стилот и квалитетот на виното. Постојат стотици вински сорти грозје, но неколку од нив може да се вбројат во оние најпознатите и уживаат светска репутација.

cabernet-sauvignon

Една од најистакнатите вински сорти за производство на белo винo е шардоне. Вброена меѓу најпопуларните и најраспространети вински сорти на грозје во светот, виното од оваа сорта може да се одликува со поголема киселост, цитрусни и ароми на зелено јаболко доколку се одгледува во постудени климатски услови или со средна киселост, ароми на праска и јужно овошје, одгледувано на потопла клима. Одлежувањето во дабови буриња (барик), го заокружуваат вкусот на ова вино со суптилни ноти на ванила. Суви вина со изразен интензитет на ароми и освежувачки висока киселост се карактеристични за сортата совињон блан. Виното од оваа сорта е богато со интензивна арома на зелено јаболко, цитрусно овошје и зелени билки. Доколку изберете вино од сортата пино гриџо, ќе вкусите претежно суво вино со лесно тело, висока киселост и едноставни ароми на праска и лимон. Од ризлингот може да очекувате спектар на суво, полусуво, но и слатко вино со карактеристична висока киселост, цветни ноти и палета на ароми – од зелено јаболко, цитрусни овошја како лимета и лимон, до арома на праска и кајсија.

s059-161-chardonnay-synposium

Најквалитетните црни вина се произведуваат од сорти како каберне совињон, мерло, пино ноар и сира или шираз. За широко распространетата каберне совињон сорта, типично е вино со арома на црна рибизла, црна цреша, зелени билки. Покрај високата киселост и ниво на танини, вкусот на ова вино го заокружуваат нотите на ванила од дабовите буриња во кои често зрее. Ваквото зреење на виното е карактеристично и за виното од сортата мерло, кое е со средна киселост и ниво на танини и вкус кој варира од овошја како јагода и слива до капина и црна цреша. Вината од пино ноар имаат тенденција да бидат суви и со лесно тело, висока киселост но ниски нивоа на танини. Интензивни се аромите на јагода, цреша, следени од земјени ноти на габи и хумус надополнети со ароми на ванила и каранфилче при зреењето во барик. Оваа сорта вообичаено не се меша со други сорти и неретко се користи и за призводство на пенливо вино, обично мешајќи се со шардоне. Сира, како што го нарекуваат во Франција или шираз во Австралија е сорта од која се произведува вино со средно до полно тело, средна киселост и високо ниво на танини. Типични ароми за него се оние на капини и зачински ноти на црн бибер, често збогатени со ванила и кокос при одлежување на виното.

sa-wine-barrels-hand-crafted-products

Осознавањето, а потоа и препознавањето на карактеристиките и аромите на виното се еден чекор до потполно уживање во неговиот богат вкус, а тоа сега може да го направите на Wine Educator, основана од ВВ „Тиквеш“, која обезбедува широк спектар на обуки за вино и алкохолни пијалаци. Wine Educator поседува акредитација за организирање обуки на престижната Лондонска школа – Wine & Spirits Education Trust (WSET), што овозможува сите оние кои успешно ќе ја завршат обуката да се стекнат со меѓународно признаена диплома, покрај доброто дружење, забава и уживање во вино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *