САД е најголемиот потрошувач на вино во 2018, Италија најголем производител

Најмногу вино во светски рамки се пие во Соединетите Американски Држави, покажува истражувањето на The International organization of vine and wine (OIV).

Во текот на минатата година, во САД се продадени 33 милиони хектолитри вино, на второ место следува Франција со продадени 26,8 милиони хектолитри, додека трета е Италија со 22,4 милиони хектолитри вино.

Листата на топ 5 потрошувачи на вино ја комплетираат Германија со 20 милиони хектолитри вино и Кина со 17,6 милиони хектолитри вино.

Од земјите во регионот преднички Грција со продадени 2,1 милиони хектолитри вино, Хрватска со 1,1 милиони хектолитри, исто толку и Србија, додека еден милион хектолитар вино е продадено во Бугарија.

Со произведени 54,8 милиони хектолитри во 2018 година Италија и го превзема приматот на Франција која е минатата година произведе 48,6 милиони хектолитри, додека трета е Шпанија со 44,4 милиони хектолитри вино.

 

Во апсолутен износ, лани се произведени 292 милиони хектолитри вино, што е рекордно ниво во споредба со последните четири години (2014 година – 270 милиони хектолитри, 2015 година – 275 милиони, 2016 година 270 милиони, 2017 година 249 милиони хектолитри вино).

И покрај значителната разлика во производството на вино, Италија сепак сеуште заостанува зад Франција во однос на цените, па така во 2018 година Франција инкасираше износ од 9,3 милијарди долари , Италија заработи нешто помалку од 3 милјарди долари, односно 6,1 милијарда долари, а следна е Шпанија со приход од 2,9 милијарди долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *