Селско месо – гастрономско уживање со добро црно вино

Јадење од балканските простори кое се јаде во сите сезони, но сепак најдобро е кога е постудено надвор,  имајќи пред вид дека има неколку видови различно месо.

А ако се додаде дека ова гастрономско уживање бара да се заокружи со добро црно вино, тогаш ви е јасно зошто советуваме да не се подготвува кога е најжешко.  Најверојатно поради неколкуте видови месо јадењето го добило името селско, но и да се правело некогаш само по селата денеска непостои кафеана која на мени ја нема тавата – селско месо,

Не се плашете, влезете во овој потфат дури и ако малку се сомневате во своите кулинарски способности. Лесно е за подготвување и единствената тешкотија е чекањето тавата да биде комплетно подготвена во рерна бидејќи уште од првиот момент мирисите мамат за дегустација.  

За ова јадење се потребни:

200 гр. свин­ско месо

200 гр. теле­шко месо

200 гр. пиле­шко месо

200 гр. мелено месо 

маг­до­нос

300 гр. печурки

кашкавал

пармезан

сол, бибер, сув мешан зачин, црвен пипер

2 чешњиња  лук

1 кромид

1 свежа пиперка

буко­вец

малку бра­шно и ори­гано

30 мл. бело вино

200 мл млеко

Подготовка:

Најпрвин сите видови месо се сечат на мали парченца.

На тава со масло и малку путер најпрвин се става да се пржи телешкото месо, па свинското, пилешкото и на крај меленото месо од кое треба претходно да бидат формирани мали топчиња.

selsko meso11

На крај се пропржуваат и печурките кои може да се свежи или пак маринирани. Се пржат со една свежа пиперка и мала главица кромид.

Потоа месото и печурките се ставаат во поголема тава. За впечатокот да е целосен, добро би било тавата да е глинена, но ако немате таква, добра е и оваа огноотпорна, каква што ја има нашата домаќинка.

Во тавчето каде што ги испрживме месото и печурките се додава уште малку масло и 2 лажици брашно кое го пропржуваме сосем кратко и се става околу 200 мл пресно меко за да се добие средно густа ,„бешамел“ смеса. Во бешамелот се додаваат сол, мешан зачин, црн бибер, ловоров лист, двете цели лукчиња..

Се остава целата смеса да проврие колку зачините да ја пуштат својата арома. Месото во тавата се поросува со буковец, над него се става сечканиот магдонос и со готовата бешамел смеса се полива целата тава.

Веднаш потоа тавата се става во рерна,  јадењето да се потпече околу 20-30 минути на 200 степени целзиусови. Пред самиот крај на тавата и се додава ренданиот кашкавал колку да се растопи и да фати кора. Откако тавата ќе биде готова, се попрскува и со пармезан кој заедно со кашкавалот дава посебен шмек на јадењето.

Дали и како ќе декорирате е помалку важно.

Важно, не се трудете да го јадете со многу леб и внимавајте виното да не го заборавите..

Добар Апетит!!