На овогодинешното пролетно оценување на престижниот натпревар за вино „Мундус Вини“ кој по 26. пат се одржа во Нојштад, Германија во перидот од 18 до 23 февруари 2020 година, 268 експерти за вино од 54 земји оценуваа околу 7.500 вина кои потекнуваат 45 земји.
Македонските вина забележаа значителен успех со вкупно освоени 42 награди од кои 29 златни медали и 13 сребрени. Ова преставува своевиден рекорд за македонските вина во освоени награди на поединечен натпревар за вино каде скоро 70% од регистрираните вина од нашата земја се закитија со медал. Со најголем број на освоени награди се закитија земјите од стариот вински свет: Италија, Шпанија, Франција, Португалија и Германија.
Во насока на промоција на винската индустрија од земјата, Здужението „Вина од Македонија” во рамките на „Мундус Вини“ на 22 февруари организираше Мастерклас презентација за македонските вина со фокус на вина од сортата „вранец“, пред повеќе од 140 вински судии од цел свет.
Овој настан, кој беше и финансиски поддржан од Министерството за земјоделство преку Програмата за Рурален развој 2020, беше оценет како една од најдобрите презентации на нашето вино на интернационалните пазари.
За повеке информации, кликнете овде