8 нови правила за вкусно комбинирање на храната и вино

Пред да послужите какво било вино, запаметете дека мора да биде соодветно разладено. Така, црните и тешки вина се сервираат разладени на температура од 18 степени, а црвените вина со овошна арома и свеж мирис се сервираат на температура од 12 степени.

Кога се работи за бели вина, тие секогаш се служат постудени. Па така, лесните бели вина доволно е да ги разладите до 10 степени, додека шампањот и овошните бели вина задолжително треба да се служат на температура под 6 степени.

А, што се однесува до храната и пригодата за која го служите, ова се основните правила:

1. Како аперитив, вообичаено се служи сув или сладок шампањ или бело слатко вино.

2. Со предјадењето и студените млечни производи секогаш се служи бело или црно вино со следниве карактеристики – суво, полусуво, лесно слатко.

3. Пршутата и сувомеснатите производи се служат во комбинација со розе светло и суво вино.

4. Пржената риба и морските плодови одлично се сложуваат со бело суво вино, додека печените риби на скара задолжително одат со силни бели и црни вина, сув шампањ или бели ароматични вина.

5. Кога се работи за месо печено на скара, прав избор се црните суви и млади вина.

6. Тестенините со млечни производи најчесто се служат со розе или црвено младо вино, додека зачинетите тестенини со сосови се комбинираат со богати црни вина.

7. Десертите обично се служат со слатки и пенливи вина. Доколку се работи за овошен специјалитет, секогаш одбирајте ароматичен шампањ, а црните чоколадни колачи послужете ги со суво црно вино со овошна арома за освежување.

8. Сладоледот исто така одлично се сложува со шампањот, па дури можете да послужите неколку лажици сладолед од ванила прелиени со слатко, ароматично пенливо вино.