Жените кои дневно конзумираат една до две чаши црно вино имаат подобар и поисполнет сексуален живот.
Научниците од универзитетот во Фиренца извршиле истражување со 800 испитанички на возраст од 18 до 50 години. Тие дошле до заклучок дека жените кои имаат навика секојдневно да конзумираат мало количество (една до две чаши) црно вино, повеќе уживаат во сексот од оние кои воопшто не пијат.
Акцентот на истражувањето бил ставен на сексуалниот апетит, оргазмите и задоволствотошто жените го пријавиле од сексуалните активности.
Оние кои пиеле две чаши црно вино биле бодувани со 27,3 поени, додека оние кои пиеле само по една, добиле 25,9 поени. Тие што воопшто не пиеле вино имале резултат 24,4 поени.
Д-р Николо Мондиани изјавил: „Историски гледано, уште од античка Грција се знае дека врската помеѓу виното и сексуалност е прилично силна. Жените кои умерено пијат вино имаат подобар и посреќен сексуален живот. Сепак, овој аспект не е доволно истражен и ќе се потрудиме да направиме дополнителни истражувања, во нов правец, за да провериме дали навистина постои толку голема поврзаност помеѓу виното и женската сексуалност“.
Уште еден интересен факт до кој е дојдено во текот на ова истражување, е дека постарите жени пријавиле поисполнет и позадоволителен сексуален живот од помладите.