Архитектонското студио „Два Архитекти“ изработи проект за винарија за познатите винари во срцето на Славонија. Водечката идеја на овој проект била да се испочитува средината максимално, но и преку процес на мимикрија објектот целосно да го припои кон животната средина. Наместо куќа на ридот, студиото одлучува да оди кон друг правец – во длабочина!
Плацот со површина од 14.750 метри квадратни на кој е планирана изградбата е всушност еден рид. Идејата била објектот да се вкопа во ридот, што е во согласност со потребите на винаријата и подрумските температури за чување на виното. Што значи дека, ридот нема да биде отстранет.
Подземниот објект од 3.350 метри квадратни ќе биде изработен од бетон, поплочен со камен и обложен со трева како кровен покривач.
Во оваа винарија покрај производството на вино, ќе врши и продажба, но во угостителскиот дел, каде што љубителите на вино ќе бидат во можност да ги вкусат производите. Главната идеја е покрај винаријата ова место да прерасне во туристичко село бидејќи во близина постои и зашитен резерват за птици.