Од овогодишната реколта на грозје Бугарија очекува да произведе околу 160 милиони литри вино, од кои околу 60 милиони ќе бидат извезени, изјави денеска бугарската министерска за земјоделство и храна Десислава Танева.
Како што јави БТА, Танева нагласи дека квалиетот на овогодишната реколта на грозје е добар и се очекува поголем род од лани.
– Бугарија може да произведува добро грозје, да прави добро вино и да го извезува на добри пазари, рече Танева.
Последниве години главни извозни пазари за бугарското вино се Русија, Кина и Велика Британија.
Танева истакна дека површините под лозје во Бугарија се зголемуваат секоја година, а само годинава се очекуваат 600 хектари нови насади.