Француско вино, еден од најубавите сувенири кои можете да си ги дозволите

Кога и да тргнете на пат, секогаш посакувате со себе од патувањето да понесете некаков впечатлив сувенир. Секако дека ќе си купите и магнет или некоја слична ситница којашто ќе ве потсетува на градот или на земјата којашто сте ја посетиле. Но, каде е најдобро да се купи вино, каде кожни предмети, а каде накит?
Одговорите на овие прашања побарајте ги во продолжение…
Вино: Франција

suvniri-svetski-drzavi-novo-05

Зарем воопшто се сомневавте?! Во морето од винарии ширум целата земја, виното навистина може да го набавите и по евтини цени. Тоа значи и дека не треба да потрошите стотина евра на скапи примероци, бидејќи понекогаш дури и скапоцените марки може да ги добиете за 5 до 10 евра.

Ако сте винољубец, обврзно посетете го и малото гратче Бургунди и набавете си неколку добри шишиња во локалните винарии.

 

Производи од кожа: Италија

Salvatore Ferragamo и Guccio Gucci се имиња коишто прераснаа во синоним за луксузни кожни производи. И сето тоа благодарение на долгата традиција на тргување, која во Италија се протега низ повеќе столетија. И после долгите обиди, Италијанците дошле до најфината изработка на кожата.

Сосема очекувано, главен град на модата е секако Милано, кадешто ќе пронајдете скапи и познати брендови, но ако знаете каде да побарате, ќе пронајдете исклучиво квалитетни чевли и чанти по сосема пристапни цени. Дел од нив може да пронајдете и во аутлетите кои што на “чизмата” секако не изостануваат.

Накит: Индија

suvniri-svetski-drzavi-novo-02

Во Индија накитот отсекогаш бил дел од традицијата и истото важи и до денешен ден. На крајот на краиштата, еден од најславните дијаманти на сите времиња, Koh-i-Noor е пронајден токму во Индија и истиот ѝ е подарен на кралицата Викторија.

За најразличните фестивали и свечености, кои тука секако не изостануваат, Индијците се “вооружуваат” токму со накит, а ако патот ве однесе во Делхи, обврзно посетете ги двата огромни пазари, Chandni Chowk и Dilli Haat.

Волна: Исланд

Секако, Исланд дефинитивно не е најголемиот светски производител на волна, но исландската волна уште од 9-от век е позната како онаа која ќе ве држи на суво и топло. Обозможете си култен “Lopapeysa” џемпер, а ако ги сакате модерните нешта, посетете ги продавниците со логото на GuST.

Свила: Кина

suvniri-svetski-drzavi-novo-01

Според легендата, свилата во Кина се изработува веќе полни 5 илјади години. Така што, ако сте во Пекинг, упатете се на главниот пазар за свила, којшто се наоѓа во близина на кинескиот Светски трговски центар. Тука повеќе од 1.700 трговци секојдневно тргуваат токму со свила…

Ако пак барате евтини нешта, вистински избор за вас е градот Сужоу, познат и како главен град на свилата во оваа земја.

Часовници: Швајцарија

suvniri-svetski-drzavi-novo-04

Добро, со ова дефинитивно не откриваме топла вода. Но, иако во Швајцарија може да најдете и поволни часовници, тоа е сепак земја кадешто се купуваат луксузни брендови каков што е светски познатиот Rolex…

Така што, ако немате во план да потрошите толку пари, тешко дека од Швајцарија ќе се вратите со некаков спектакуларен часовник.

Цигари: Куба

suvniri-svetski-drzavi-novo-03

Кога сте веќе турист на Куба, не ви преостанува ништо друго освен да си најдете удобно место под чадорот за сонце и да изберете добра цигара… Еден од најпознатите брендови е Cohiba, а за да бидете сигурни дека купувате исклучиво само оригинали, побарајте ги во La Casa del Habano шоповите.

Секако, ако сте заинтересирани за тоа како настануваат цигарите, посетете ја легендарната фабрика Partagás.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *