Според традицијата, младоженецот и невестата добивале шишенце со овој пијалак кој требало да го испијат пред првата брачна ноќ, бидејќи се верувало дека на тој начин ќе се подобри квалитетот на семената течност кај мажите, а со тоа ќе се зголемат и шансите за бременост кај жената. Тајната е во сувото грозје кое содржи агринин, клучната состојка која се користи во терапијата за еректилна дисфункција. Освен тоа, се верува дека пијалакот ја зголемува сексуалната енергија и издржливост.
Погледнете го оригиналниот рецепт за овој пијалак со индиско потекло…
Потребни состојки:
30 грама суво грозје
200 милилитри млеко
шафран
Начин на подготовка:
Добро измијте го сувото грозје и стоплете го во неоштетен емајлиран сад заедно со млекото. На крајот додадете малку шафран.
Пијалак кој го зголемува сексуалното либидо на жените: Контроверзен индиски рецепт за плодност
На почеток, пијте ја оваа количина три пати дневно, а по некое време зголемете ја количината на сувото грозје на 50 грама, сѐ додека не биде решен проблемот.
За сувото грозје исто се верува дека има и други позитивни ефекти на здравјето, односно помага за регулирање на високиот крвен притисок, прекумерната тежина, ги спречува канцерогените заболувања, помага при анемичност, а одлично е и за тенот и косата.