По патот на виното

Зборот вино, со некои мали гласовни разлики, се наоѓа во сите индоевропски јазици, што посочува кон тоа дека нашите дамнешни предци уште многу одамна знаеле за овој прекрасен гроздов пијалок, најмалку уште пред 8000 години.

vn01-860x645

Некои видови на вино се дури и постари. Виното од ориз во Кина датира уште од пред 9000 години.

vn02-860x645
Најраното вино кое се добивало од грозје се правело во областа на денешна Грузија. Минатата година археолозите на дното на стари керамички садови откриле остатоци од вино старо 8000 години.

vn03-860x645

Пред тоа, најстарите примероци на вино биле најдени во Иран, во една неолитска кујна на планините Загрос кај Хаиџи Фируз. Виното било датирано 7000 пр. н.е.

vn04-860x645

Најстарите виногради датираат до 6100 пр.не. Во Ерменија бил откопан цел локалитет за производство на вино. Најстарото пиво било проиаведено отприлика во истиот период. Виното и пивото биле популарни не поради алкохолот кој го содржат, туку поради тоа што се сметале за побезбедни од водата. Тогаш немале филтри за вода.

vn05-860x645

Популарноста и распространетоста на виното во текот на следните неколку илјади години е во тесна врска ско древните Феникијци – стар средоземноморски народ познат по развиената трговија.

vn06-860x645

Прозводството и трговијата со вино, заедно со писмото, набргу биле прифатени и од страна на старите Грци и Римјани. Римјаните дури си засадувале минијатурни виногради крај нивните утврдувања и касарни при ширењето на империјата, за нивните војници постојано да имаат достап до вино.

vn07-860x645

Виното било популарно и за обредните ритуали. Тоа се должи на фактот дека виното наликува на крвта, којашто во сите култури е симбол на животот и смртта.

vn08-860x645

Древните Грци си имале и бог на виното. Тоа е богот Дионис, во чијашто чест одржувале фестивали нарекувани „Дионисии“. Производството на вино во древна Елада се карактеризирало со тоа што нивните вина биле многу ароматизирани со најразлични билки.

vn09-860x645
Римјаните, заедно со грчкиот пантеон, ја прифатиле и оваа грчка традиција и ја нарекле Баханалија, во чест на богот Дионис Бакх. Него уште го нарекувале и Либер, аналогно на грчкиот назив Елеутхериос – ослободителот, поради својството на виното да ги ослободи од секојдневните грижи стравови.

vn10-860x645

Поврзувањето на виното со крвта е во основата на симболиката на христијанското причестување, кое е повторување на ритуалот кој Исус го извел со своите апостоли на Последната вечера, велејќи им: „Јадете од лебов, тоа е моето тело. Пијте од ова вино, тоа е мојата крв.“

vn11-860x645

Виното било неизоставен дел од средновековниот и ренесансниот општествен живот. Кога Европјаните го откриле новиот свет, виновата лоза е едно од првите растенија кои биле пренесени на запад.

vn12-860x645

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *