Традицијата на уникатното овчеполско вино полека исчезнува

Во кумановските лозја расте стара лоза. Во овие лозја има девет видови на грозје – нишевка, биковина, тиквешка, лисичина, тамњанка, реуљка, дрен’к (дреновица), страцинка, гавранка, бело и беглерче.
Страцинката ја најдовме само во кутлибешките лозја. Најстар чокот е нишавката и во него има најмалку. Ова е надалеку позната сорта на грозје и нема да ја опишуваме. Во оваа област многу ретко се гмече – муља.
На Овче Поле од неа прават посебно вино – се бира цел и здрав грозд и се става во бочва или голема каца, по што се прелива со слатко вино од други бочви, па се затвара и никако не се отвара до пролет, кога е општопознатиот селски празник на Овче Поле – Руса (преполовување) – така се добива одлично вино.
Вакво вино порано се правело во скоро секоја куќа на Овче Поле, а сега оваа традиција се напушта…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *