Најмногу до 300 денари и најчесто за сопствено уживање во домашни услови со најблиските, или пак за подарок. Ова го префериират Македонците кога станува збор за црвеното вино, вели истражувањето од Институтот за агроекономија при факултеот за земјоделски науки и храна спроведено на 241 испитаник кои го посетиле Винскиот фестивал.
И доколку граѓаните би имале повисок стандард истите би се решиле да го купуваат ова вино.
Во одредени случаи наместо 300 денари, можеби би потрошиле нешто повеќе, 600, па дури и 1.000 денари.
Македонците купуват вино еднаш до неколку пати неделно и генерално го пијат дома. Околу 70 проценти набавуваат вино во супермаркет, а преку 80 отсто пијат домашно вино, главно црвено. Притоа предничи вранецот, односно „Т’га за југ“, информира Марина Нацка од Институтот за агроекономика.
Анкетата покажала и дека рекламите не влијаат многу зашто пиењето вино кај нас е традиција. Цената и квалитетот се во корелација.
– За поголема потрошувачка, испитаниците сметаат дека е неопходно организирање интензивна промоција, посочи Нацка.